Започнуваат интензивните подготовки за стартот на летната сезона во нашиот најголем туристички центар – Охрид.

Дел од сместувачките капацитети се реновираат, добиваат нов изглед, и така освежени ќе ги пречекаат туристите, се формираат нови понуди кои би биле примамливи, како за домашните, така и за странските туристи.

Што би било важно да се вклучи во понуда за сместување во апартман или вила ?

Наш предлог е, во формирањето на понудата за летната сезона, да биде вклучен и појадок. Зошто е важно да биде вклучен појадокот во понуда за сместување во вила или апартман и како тоа може да влијае кај туристите при изборот на туристичката понуда?

Дел од вилите и апартманите кои се издаваат за летна сезона немаат вклучено појадок, односно во цената е вклучен само престојот, па туристот сам треба да приготвува или рано наутро би требало да посети угостителски објект за појадок, но што доколку во блиската околина нема ресторан или пак нема доволно намирници со себе ? Тогаш туристот ќе загуби драгоцено време во приготвување, или пак во барање на ресторан во блиска околина, информации за истиот и слично. Доколку во една понуда има вклучено и појадок тоа може да биде полн погодок и да го зголеми интересот на туристите.

Вклучениот појадок во понудата како опција за туристот носи големи придобивки, а една од нив е времето кое го заштедува туристот и истото го насочува кон други активности за време на неговиот одмор- прошетка, посета музеј, повеќе време за плажа, возење, трчање и слично.

Во изминатите години голем дел од вилите и апарманите се одлучија да го вклучат појадокот во понудата која им се нуди на туристите. Домаќинот односно сопственикот на вилата / апартманот подготвува појадок за самиот турист или истиот го набавува од најблискиот ресторан или друг вид на угостителски објект, со што неговиот гостин има појадок во градината или дворот, или пак во својата соба. Подготовката на појадокот за туристите сместени во една вила нема да биде голем финансиски трошок за сопственикот на вилата / апартманите, а напротив со тоа би имало уште поголем интерес од страна на туристите.

Голем дел од туристите се одлучуваат за ваква понуда во која е вклучен појадокот од причина што не сакаат да го трошат времето во подготовка на појадок, или пак во барање угостителски објекти во блиската околина каде што се сместени, а уште полошо е ако навистина нема угостителски објект во близина, па, истите би требало да се снабдат со намирници ден претходно или пред почетокот на нивниот одмор. Во таков случај повторно се губи драгоцено време во набавка, особено пак е лошо ако станува збор за странски турист кој не ја познава околината доволно. Така се губи и смислата на одморот, нели?

Мал дел од вилите и апартманите кај нас имаат интересна понуда, која вклучува одредени намирници кои се доволни за подготовка на појадок (јајца, овошје и зеленчук, масло, путер, маслинки и слично) па истите се достапни за туристот и истиот може веднаш да започне со подготовка на својот појадок, како би заштедил на време.

Ваквата понуда може да има голем интерес кај туристите, кои нема да имаат дополнителни финансиски трошоци, а дури би можеле и да заштедат, бидејќи во таква опција нивниот појадок би бил значително поевтин, отколку во ресторан, а притоа значително би штеделе и на време, а пак домаќинот односно сопственикот на вилата / апартманот би добил поголем интерес од туристите и притоа би имал среќни и задоволни туристи кои сигурно би дошле повторно.

Comments

  • Petar
    Reply

    Tocno, taka e!

  • Ива
    Reply

    Браво за одличниот предлог Котва!!! Јас како млада мајка со две деца секогаш барам понуди за одмор со вклучен појадок. Како што е наведено и во текстот, прво заштедувам многу време во готвење и самата припрема на појадокот, а и не се замарам што да приготвувам следниот ден. Така да, вклучен појадок за мене е секогаш прв избор!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.