Котва.МК е туристичка огласна платформа која има за цел промоција и поддршка на македонскиот туризам. Котва.МК за првпат беше создадена како Инстаграм профил во текот на месец јули 2021 година, во време на пандемијата со Ковид-19.

Нашата идеја беше на едно место да ги сместиме сите туристички капацитети во Македонија- хотели, апартмани, ресторани, кафулиња и барови. Нашиот Инстаграм профил денес има над 11.600 следбеници и е една од најпопуларните страници на Инстаграм за рекламирање на туристички објекти.

Нашата мисија е да го олесниме вашиот избор на дестинација за патување во нашата земја, да ги донесеме поблиску убавините на Македонија, како и да ви помогнеме со предлози за кафулиња и барови во местата каде ќе престојувате!

Нашата визија е да прераснеме во препознатлив бренд во нашата земја, па и пошироко, и да имаме успешна конекција како со вас, така и со угостителите.

Нашето мото е да го направиме вашиот одмор поубав и да бидеме дел од него, почнувајќи од одлуката за патување, па сè до одлуката каде да го испиете најубавото кафе, коктел.. каде да ја нарачате најубавата пица, риба, скара..и.т.н.

Доколку ви треба прифатливо и интересно сместување во лето или зима, добар ресторан, тогаш сте го направиле првиот чекор до посакуваната цел. Вие сте на вистинското место, нема потреба да пребарување други сајтови. Останете на Котва.МК и слободно контактирајте нè доколку имате предлог, прашање или сакате соработка. Нашиот тим ви е достапен веднаш.

Запознајте ги убавините на Македонија и изберете ја вашата следна дестинација што поскоро. Нема да се покаете, бидејќи со Котва.мк резервирањето и патувањето е полесно од кога и да било!

Со почит,
тимот на Котва.мк ⚓🖐

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.