Денес потопла вода во Охридското Езеро во однос на вчерашниот ден. Денешната температура измерена во 07:30 часот е 20 степени, за еден степен потопла во однос на вчерашната температура.
Кај Преспанското Езеро нема промени кога е во прашање температурата на водата во однос на вчерашниот ден, па така и денес таа изнесува 17.5 степени.
Водата во Дојранското Езеро е најтопла, температурата измерена во 07:30 часот е 24.2 степени, или за 0.8 степени потопла во однос на вчерашниот ден, кога температурата изнесуваше 23.4 степени.
Значи, водата во Дојранското Езеро денес е најтопла, додека, пак, најладна е водата во Преспанското Езеро.
Извор на податоци: УХМР
Comments