Рамне е охридско село кое нуди неверојатен, романтичен поглед кон Охридското Eзеро и градот Охрид. Селото е сместено во источниот дел на општина Охрид, недалеку од градот. Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри.
Рамне е место кое нуди еден поинаков одмор, исполнет со мир и тишина, едноставно место погодно за бегство од реалноста и секојдневниот турбулентен живот, место за полнење на батериите и одмор од градските гужви и работните обврски.

Селото е оддалечено околу 4 километри од центарот на Охрид. Толку блиску, а толку мирно и тивко, едноставно нема ништо подобро за вистински одмор.
Дали би посакале сместување во вила на 900 метри надморска височина, со базен, со најубавиот поглед кон Охридското Езеро, и притоа да бидете сведоци на најубавите зајдисонца ?
„Cityview apartments“ ви нудат сместување во два засебни апартмани (куќички) на два различни краеви од дворот. Максималниот капацитет е за 10 лица, така што претставува полн погодок доколку сакате да се соберете со цело друштво.

Во дворот од вилата има базен со романтичен поглед кон Охриското езеро, а за сите љубители на забава под отворено небо- има и скара.
Апартманите, како што веќе кажавме, се наоѓаат на падините на Националниот парк Галичица, а тоа ќе ви понуди посвеж и чист воздух. Апартманите се комплетно опремени и ги имаат сите потребни елементи. Секој од нив има засебна комплетно опремена бања и кујна.

Кога е во прашање околината тогаш можете да ги посетите околните цркви, а тука е и втората хидроцентрала во с. Рамне, изградена во 50-тите години од минатиот век и сè уште е во функција, со мал капацитет.
За туристите има можност за возење велосипед како и пешачење, што е полн погодок за сите љубители на природата и чистиот воздух. „Cityview apartments“ се прекрасна идеја за одмор во вистинска смисла и секако за “бегање” и одмор од секојдневните градски гужви и бучави. Ќе бидете сместени во мирна област каде првите соседи се на 200 метри од вас. Местото е комплетно тивко.

Толку мирно- планина, фантастична панорама на Охридско езеро од 900 м.н.в, а сепак на само 4 километри до центарот на Охрид. И, да, „Cityview apartments“ работат цела година.
Домаќинот Јордан гостите ги примаат по договор во било кој период од денот, додека пак се одјавуваат до 11 часот наутро. Исто така, објектите се pet friendly што значи дека со вас можете да го донесете и вашето милениче.
Кликнете ОВДЕ за да се запознаете подетално со „Cityview apartments“, да ги погледнете цените и да направите резервација.

Comments