Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини, чии општински граници се простираат на површина од 598 км2. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани.

Берово е сместено во источниот дел на Македонија во областа Малешевија, односно Малешевската Котлина на 846 метри надморска височина. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име “малеш – планина”. Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината. Во близина на Берово се наоѓа вештачкото Беровско Езеро, коешто поради недопрената природа и чистиот воздух претставува поволно место за развој на туризмот и околу езерото изградени се неколку туристички капацитети.

Берово кое е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови. Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина.

Беровското езеро се наоѓа по течението на Клепалска река, во непосредна близина на Берово, односно на 7 км оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.

Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организирани странски туристи.

Вила „Lake Palace“ е полн погодок доколку сакате да одморите од секојдневните градски гужви и бучави, од секојдневните обврски. Тука имате чист воздух, во летен период ниски температури, прекрасен поглед на Беровското езеро, џакузи во апартманот и голем базен кој се наоѓа во дворот на вилата.

Домаќините Билјана и Александар ги отворија вратите на вилата за Котва.МК која е дел од нашата база со сместувачки капацитети. Со тоа ќе имате можност преку фотографии да ја погледнете вилата и природата која нуди одмор во вистинска смисла на зборот.

Билјана и Александар имаат неверојатна понуда за сместување во вилата која не треба да се пропушти. Погледнете ја вилата и понудата ОВДЕ и закажете го вашиот одмор или викенд токму во вила „Lake Palace“ и уживајте во убавините на беровската околина.

Comments

  • Darko.
    Reply

    Moja preporaka

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.