Горно Коњско е село на 11 километри од центарот на Охрид, на надморска височина од 1.100 метри. Селото се наоѓа на мала висорамнина на планината Галичица, недалеку од источниот брег на Охридското Езеро, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.

Домашните, но и странските туристи се вљубени во Горно Коњско и тоа го прави да биде најбарана дестинација за одмор во текот на целата година.

За оние кои не слушнале за Горно Коњско, но и за оние кои се мислат дали да го посетат и што може да видат таму, на кратко ќе кажеме – сè е толку тивко и природно. Нема ништо подобро од тоа- ако сакате одмор, во вистинска смисла на зборот.

Селото има туристичка понуда за целата сезона, така да, кога и да посакате можете да бидете гости во прекрасното Коњско. Во селото постои црква која се нарекува „Св. Мина“ од почетокот на 20 век. Градбата на црквата пред 1918 година била целосно распадната, црквата била возобновена во 1927 година.

Во селото исто така, можете да ги погледнете старите куќи, да прошетате и притоа да уживате во погледот кон Охридското Езеро, чистиот воздух и природата, едноставно работи кои му се потребни на било кој од нас.

Вила Гркаша, која е препознатлива по камената фасада, е најнов туристички сместувачки капацитет во Горно Коњско. Вилата започна со работа пред само неколку месеци и веќе има голем интерес од домашни и странски туристи.

Вилата е на две нивоа. На првиот дел, односно на приземјето, има простор од 70 квадрати, додека пак на горниот кат вилата има површина од 60 квадрати. Може да се изнајми цела вила, или пак само еден дел од вилата, односно горниот или долниот кат, а вкупниот капацитет е за 10 лица.

Младите домаќини- Христијан и Ивана внимавале до најмал детал кога ја уредувале вилата, а амбиентот ќе ви овозможи да се чувствувате како да сте дома. Вилата е полн погодок за одмор во било која комбинација, и во било кој период од годината. Романтичниот поглед кон Охридското Езеро од терасата или, пак, спалната на вилата ќе ве натера повторно да се вратите овде. Вилата има вграден камин, па во зима може да уживате покрај огнот, со чаша вино и вкусна храна.

Замислете како би било лето, наутро, кафе на тераса, чист воздух, поглед на Охридското Езеро, звукот на природата… нема ништо подобро и поубаво за мир и спокој на душата.

Вила Гркаша е оддалечена од хотел „Метропол“ само 4 километри, а со тоа и на четири километри е и првата плажа. Коњско е познато по неколку ресторани кои нудат вкусна традиционална храна со панорама поглед кон цело Охридско езеро, а овие ресторани се оддалечени само 200 метри од Вила Гркаша.

Вила Гркаша соработува со еден од рестораните, а тоа значи дека може да направите и онлајн нарачка и истата да ви биде доставена до самата вила. Додека вие го пиете кафето на терасата и уживате во романтичната глетка, храната ќе ви биде доставена веднаш.

Кликнете ОВДЕ и запознајте се подобро со Вила Гркаша, а наш предлог е уште веднаш на 070 952 339 или на [email protected] да направите резервација.

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.