Екипата на Котва.МК беше во посета на преубавиот рибник „Злетовица“ кој е лоциран на 6 километри од село Злетово или на 17 километри од Пробиштип, во источниот дел на Македонија.

Сместен во преубава густа зелена шума, опколен со бистра, ладна и чиста вода од локалната река. Местото е полн погодок доколку сакате да одморите од градските гужви, од секојдневните обврски… а, секако тука имате можност и да преспиете, рибникот „Злетовица“ има две сместувачки единици кои стојат на располагање за сите туристи односно гости на рибникот, а истите работат во текот на цела летна туристичка сезона.

„Злетовица“ располага со голем капацитет (450 дo 500 луѓе) што е одличен избор за организирање на семејни веселби (свадби, родендени и слично), а притоа да уживате во прекрасниот амбиент на самата природа.

Во летниот период температурата е доста пониска отколку в центар на град, благодарение на водата и природата, па тоа е уште една причина да го посетите рибникот.

За туристите секогаш се нуди свежа риба од самиот рибник, која се вади пред самите туристи, потврда дека навистина секогаш се приготвува свежа риба.

Комплексот е уреден како за своја душа, а додека престојувате овде ќе се чувствувате како да сте дома. Доколку доаѓате со деца тогаш не треба да се грижите, бидејќи има детско катче каде децата може безбедно да играат и да уживаат во прекрасната природа. Услугата е навистина на врвно ниво од страна на љубезниот персонал.

Уште една голема причина поради која треба да го посетите рибникот „Злетовица“ е вкусната храна, богатите порции, а ниски цени. Ние бевме овде 5 часа уживавме во вкусната пастрмка, богата салата… а, да, секако, за тие кои не се љубители на риба, има вкусни специјалитети од месо.

Во околината на рибникот имате можност да го посетите женскиот манастир „Свети Спиридон“ којшто е посветен на Светиот Спиридон Чудотворец и се наоѓа веднаш до самиот рибник. На 12 километри од рибникот „Злетовица“ се наоѓа и познатиот Лесновски манастир – Свети Гаврил Лесновски, манастир во с. Лесново, Пробиштипско.

Топла препорака од Котва.МК во прва прилика да го посетите рибник „Злетовица“ и да уживате во природата и околината.

Резервации на број: 071/ 373 – 408

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.