Дали сте вкусиле риба на трска или пак, полнета платица со ориз, можеби крап-тава со карамелизиран кромид, сом-тава или пак брускети со дојрански кавијар ?

Доколку сте се одлучиле за одмор или пак викенд во преубавиот мал Дојран, тогаш задолжително треба да ги вкусите овие дојрански специјалитети од риба и тоа ексклузивно, само во ресторан „Калдрма“ во Нов Дојран.

Ресторан „Калдрма“ е најпознатиот рибен ресторан во Дојран и вакви специјалитети од риба можете да вкусите само таму.

Риба на трска

Доколку живеете во југоисточниот дел на Македонија, тогаш задолжително веднаш направете резервација и упатете се кон Дојран. Доколку го посетите Дојран, а не ги вкусите специјалитетите на ресторан „Калдрма“ е исто како да не сте биле во ова убаво мало место покрај прекрасното езеро. Ресторанот нуди вистинско уживање во вкусната храна со прекрасен поглед на Дојранското Езеро.

Додека уживате во вкусните специјалитети од риба на ресторан „Калдрма“, ужувајте и во фантастичниот поглед на Дојранското езеро

За овие специјалитети потребно е да се направи резервација 24 часа претходно, поради процесот на приготвување на самите специјалитети. Ресторан „Калдрма“ во својата понуда секогаш нуди исклучиво свежа риба, специјално уловена истото утро за да се задоволи квалитетот.

Лево: полнета платица со ориз, десно: крап

„Подготовка на карамелизиран кромид со зачини, потоа следува сечкање на рибата на ситни резенки до самата коска и се полни со филот од кромид. Трската мора да стои 24 часа во вода, па потоа се крши на пропорционални делови и на крај подоготвка исклучиво на жар. Резултатот од ваквиот процес е дека потопената трска ќе се залепи на рибата и ќе се запече со неа и се постигнува прекрасен вкус кој се надополнува со филот од кромид кој е ставен во рибата“, начин на приготвување на специјалитетот риба на трска, специјалитет кој може да се вкуси исклучиво во ресторан „Калдрма“.

Приготвување на специјалитетот риба на трска

Ние сме сигурни дека овие специјалитети ќе ви се допаднат, како и глетката кон целото Дојранско езеро и затоа ќе ви предложиме да го продолжите вашиот престој во Дојран. Секако, нема потреба да се грижите за тоа каде да барате сместување. Токму „Калдрма“ ви нудат сместување во нивните удобни апартмани кои имаат поглед кон Езерото, а тука е и плажата „Калдрма“– најубавата плажа на дојранскиот брег која ќе ви понуди вистинско освежување во летните денови.

Свежи салати, чорби, мешана даска, посна даска…

Резервација во ресторанот може да направите на 034 227 122, а за останатото ќе се погрижи љубезниот персонал на ресторан „Калдрма“ за ваше потполно уживање во прекрасниот амбиент. Доколку сакате да направите резервација во нивните апартмани тоа може да го направите на 071 / 333 – 586 или на [email protected], додека пак за Beach Bar „Калдрма“ контактот е 078 611 742 или на [email protected]

Уживајте во Дојран и во вкусните рибни специјалитети на ресторан „Калдрма“.

Крап

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.