Ресторан Калдрма e ресторан за риба и скара со традиција од далечната 1986 година, лоциран на излезот од Нов Дојран, покрај Дојранското Езеро. Ресторанот Калдрма е најпознатиот ресторан во Дојран по специјалитетот риба на трска, врвен специјалитет кој мора да се проба.

Доколку го посетите Дојран, а не го вкусите специјалитетот на ресторан Калдрма е исто како да не сте биле во ова убаво мало место покрај прекрасното езеро. Ресторанот нуди вистинско уживање во вкусната храна со прекрасен поглед на Дојранското езеро.

Специјалитети на ресторан Калдрма се риба на трска, полнета платица со ориз, крап-тава со карамелизиран кромид, сом-тава, брускети со дојрански кавијар. За овие специјалитети потребно е да се направи резервација 24 часа претходно, поради процесот на приготвување на самите специјалитети. Ресторан Калдрма во својата понуда секогаш нуди исклучиво свежа риба, специјално уловена истото утро за да се задоволи квалитетот.

„Подготовка на карамелизиран кромид со зачини, потоа следува сечкање на рибата на ситни резенки до самата коска и се полни со филот од кромид. Трската мора да стои 24 часа во вода, па потоа се крши на пропорционални делови и на крај подоготвка исклучиво на жар. Резултатот од ваквиот процес е дека потопената трска ќе се залепи на рибата и ќе се запече со неа и се постигнува прекрасен вкус кој се надополнува со филот од кромид кој е ставен во рибата“, начин на приготвување на специјалитетот риба на трска, специјалитет кој може да се проба исклучиво во ресторан Калдрма во Нов Дојран.

Резервација може да направите на 034 227 122, а за останатото ќе се погрижи љубезниот персонал на ресторан Калдрма за ваше потполно уживање во прекрасниот амбиент.

FACEBOOK | INSTAGRAM

Comments

  • Beach Bar „Kaldrma“ – Нов Дојран – Котва.мк
    Reply

    […] пијалоци, како и алкохолни пијалоци, и вкусна храна од ресторан „Калдрма“ кој е најпрепознатлив во Дојран по рибните […]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.