Охрид — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. До него се стигнува преку регионалниот пат Битола — Ресен — Охрид. Има 42.033 жители (2002 г.) и се наоѓа на 135 километри јужно од градот Тетово.

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „Градот на Светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име — Лихнид. Охридскиот Регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

ФОТО: Котва.МК

Името на градот настанало од старословенските зборови „во хриди“, т.е. „во ридот“, како описно име за местоположбата на градот којшто со векови опстојувал во јужната вдлабнатина на карпестиот рид.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

ФОТО: Котва.МК

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.