Во Србија има нешто повеќе од илјада регистрирани селски домаќинства кои се занимаваат со туризам. Престојот во селските домаќинства од година во година се зголемува, па така во 2017 година бројот на странски гости двојно се зголеми. Сепак, иако во пораст, ќе имаше повеќе туристи доколку имаа соодветна работна сила, но и асфалтирани патишта.

„Освен кај локалното население и гостите од околината, овој вид туризам е популарен и кај туристите од Израел и Турција, а во последно време доаѓаат и голем број кинески туристи. Во руралните средини не може да се живее само од земјоделство, затоа овој вид туризам е од големо значење, бидејќи се зголемуваат приходите на селските домаќинства, а се подобрува туристичката понуда на една област“, велат од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.

А што покажуваат пресметките ? Се исплати да се започне овој бизнис. За да може домаќинство со просечни осум до 12 легла да се занимава со селски туризам, потребно е првично да се инвестира од 10.000 до 15.000 евра за да се адаптира куќата за гости. Ова вклучува изградба на модерна кујна, реконструкција на простории и поставување на бањи, како и системи за греење.

ФОТО: Инсерти од емисијата „Лепше од Париза“ епизода: Дувљаковац

Инвестицијата се исплати дури по третата година, а заработувачката кога ќе се пополнат капацитетите изнесува 9.000 евра за туристичката сезона. Се разбира, колку повеќе кревети и објекти, толку е поголем приходот.

Од куќа до селско-туристички комплекс

Дека вистина е така, тоа се потврдува во селското домаќинство Гостољубље од областа Косјериќ. Марија и Жељко Средиќ пред 16 години како простор за изнајмување пријавиле куќа на имот на падините на планината Маљен во селото Мионица. Со тек на време дошле до идеја да го прошират бизнисот и да го прилагодат за современиот гостин.

Денеска на 12 хектари се наоѓа селско-туристички комплекс со седум скулптури и базенот Гостољубље. Сите имаат обврски во него – Марија со нејзината мајка ја подготвува храна, сопругот Жељко за маркетинг стратегија и анимација на гостите, додека неговиот татко се грижи за одржување на фармата. За најмалите гости се задолжени нивните деца Невена и Вукашин.

ФОТО: Инсерти од емисијата „Лепше од Париза“ епизода: Дувљаковац

А кои се гостите на етно домаќинството ? Најголем дел од младите брачни парови имаат деца, околу 90%, најмногу од Белград (околу 70%), а има се повеќе странци од Австрија и Франција, кои ја потсетуваат нивната земја во областа Дивчибар.

Има и такви кои се на поминување, на патот кон морето, Романци и Чеси. Благодарение на интернетот, тие се достапни за секого за резервации.

Има толку многу работа што семејството Средиќ работно го ангажира и локалното население, особено домаќинките.

„Жељко ги организираше домаќинки без работа во здружението Маљенска, каде домаќинки продаваат сирење и кајмак, јајца, суво месо, ракотворби. Не можеме да произведеме онолку колку што ни е потребно, затоа соработката со соседите ни значи многу. И се трудат, ја препознаваат шансата за работа“, вели Марија.

Она што е главен предизвик пред нив е како да се продолжи туристичката сезона, домаќинството да работи цела година, а не од пролет до есен. Решението го видоа во започнување креативни работилници, но и во организирање на припреми за спортисти. Вториот предизвик е адекватната работна сила, која покрај домаќините остава најголем впечаток и на гостите.

Волонтерски туризам

Постојат многу начини за заработка во етно туризмот. Така, со текот на времето се развила посебна област на агро-туризам, во Почековина, каде што сопственикот на едно домаќинство го ангажира гостинот да му помогнат во овоштарникот или дестилеријата, па наместо да му плати за сместувањето, добива сместување.

Тоа е таканаречениот волонтерски туризам, кој не е баш на највисоко ниво, бидејќи луѓето се заситуваат со класичната хотелска понуда и на тој начин го запознаваат местото, луѓето, менталитетот и начинот на живот. Тоа се претежно туристи на поминување, како и оние кои сакаат да го запознаат животот во Србија. Домаќините, пак, добиваат помош во извршувањето на секојдневните активности.

Во едно село 15 домаќинства и четири ресторани

Освен популарните Дивчибаре, Фрушка Гора, Златиборските рурални туристички области и фарми, во источна Србија има и села кои добиваат се поголемо туристичко значење. Особено онаа до бањата. Таков е случајот со планината Јастребац, најзелена во Србија, богата со извори и реки.

ФОТО: Инсерти од емисијата „Лепше од Париза“ епизода: Дувљаковац

На 1.800 метри до Рибарска Бања се наоѓа етно селото Срндаље со петнаесетина селски домаќинства. Во селото има три рибници, две вили, четири апартмани и дури четири ресторани.

Инвестиции од 3.000 евра и заработка до 10.000 евра

Цените за гостите се поповолни во селските домаќинства отколку во хотелите (во некои случаи и 50%), па тоа е дополнителна причина за се поголемата популарност на овој вид туризам. Од друга страна сигурно има заработка.

ФОТО: Инсерти од емисијата „Лепше од Париза“ епизода: Дувљаковац

Кога е сезона, рестораните во селата во близина на бањата имаат дневен пазар од 20.000 динари, а оние поголемите до 110.000 или во македонски денари тоа би се движело од 10.500 денари до 57.000 денари. Дневниот пазар од продажбата на домашни слатки и зимници достигнува и до 6.000 динари, односно околу 3.000 македонски денари. Така, за лето нето заработувачката во добра сезона може да достигне од 5.000 до 20.000 евра во зависност од големината на објектот!

Инаку, за да се отвори ресторан во рурална средина потребна е минимална инвестиција од 3.000 евра (модерна кујна) и инвентар. Цената е помала доколку се користат постоечки маси и столови. Работната сила не е проблем, бидејќи се ангажираат членови на домаќинството, од готвачи до келнери. Дополнителна предност е тоа што при подготовката на оброците користите сопствено овошје и зеленчук од градината, што исто така ги намалува трошоците.

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.