Вила Кочески
Вила „Кочески“ е лоцирана во Пештани, Охрид на само 50 метри од Охридското езеро и плажите и на само 20 метри од багремова шума. Пештани е една од најбраните дестинации од домашните и странски туристи за одмор покрај Охридското езеро.
Вилата располага со 2 двокреветни соби, 3 трокреветни и 3 четворокреветни соби. Сите соби располагаат со засебна комплетно опремена кујна на тересата, опремено купатило, засебна тереса, двор со приватен паркинг и заеднички простор за скара.
✅ Wi-Fi
✅ Смарт ТВ
✅ Опремена кујна (фрижидер, мини-шпорет, судопер и комплет садови со маса и столици) која е засебна
✅ Опремено купатило засебно
✅ Пешкири
✅ Засебна Тераса
✅ Заеднички простор за скара
✅ Паркинг кој е под 24/7 часовен видео надзор
✅ Клима
Вила „Кочески“ е идеална за одмор бидејќи Пештани е најбарана дестинација за одмор, прекрасни плажи, мирно и тивко место кое е полн погодок за одмор од градски гужви и полнење на батериите. Секако, дополнителна причина поради која треба да резервирате одмор во Вила „Кочески“ е тоа што температурата во летниот временски период е значително пониска благодарение на планината Галичица и Охридското езеро. Вилата е комплетно опрема и модерна, а влезот од истата е со чип-картички.
Пештани се наоѓа долж брегот на Охридското Езеро, а низ него поминува патот Охрид-Свети Наум. Селото е сместено во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското Езеро, 12 километри јужно од градот Охрид. Во Пештани има голем број на угостителски објекти кои нудат вкусна храна и специјалитети од риба. Првиот маркет е на 50 метри од самата вила.
Цената е 10 евра по лице.
За резервации на 070 258 333 или на [email protected]