Вила Гркаша

Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
Вила Гркаша
м2: 130
Спални: 3
Бањи: 2
Миленици: Не
Check-in: After 12:00 am
Check-out: Before 11:00 am

Вила Гркаша е лоцирана во Горно Коњско. Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, недалеку од источниот брег на Охридското Езеро, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е планинско, на надморска височина од 1.100 метри, и ви нуди фантастичен поглед на Охридското езеро. Од градот Охрид, селото е оддалечено 11 километри.

Вилата е на две нивоа. На приземје, има голема дневна која располага со аголна гарнитура со механизам за спиење, трпезариска маса со 6 столици, камин и комплетно опремена кујна. Спална соба со брачен кревет и тераса која ви овозможува панорамски поглед на Охридското езеро и една бања. Овој дел од вилата има 70 квадрати. (прв апартман)

На горниот кат вилата располага со еден апартман со брачен кревет, тросед со механизам за спиење и ТВ. Една соба со брачен кревет и една бања со површина од 60 квадрати. (втор апартман)

Секоја од собите има телевизија и ТВ пакет со над 140 програми. Двете нивоа од вилата имаат тераси, а целосно опремената кујна се наоѓа на долниот кат.

Вилата располага со сопствен паркинг наменет за туристите, а максималниот капацитет на истата е до 10 лица, односно приземјето од вилата располага со капацитет од 4 лица, а горниот кат има капацитет за 6 лица.

Во околината има ресторани, пешачки патеки за сите кои се љубители на природата, што е полн погодок доколку сакате да одморите во вистинска природа. Покрај тоа, дополнително за уживање го имате прекрасниот поглед на целото Охридско езеро и планината Галичица. Вилата има простор каде може да ги оставате велосипедите.

Туристите може да ги користат планинарски и пешачки патеки кои водат до с. Велестово и с. Елшани. На 4 километри оддалеченост од хотел Метропол и самата плажа.

Доколку гостите останат подолго од седум дена во вилата, тогаш, се врши редовна промена на постелнините и пешкирите. Клучот се предава во согласност со договорот (пред самото сместување или на место каде што туристите ќе бидат пречекани).

Не е дозволен влез на домашни миленици.

Цената за изнајмување на целата вила е 100 евра, додека пак за изнајмување на апартманите цената е 50 евра.

✅ Греење / ладење
✅ ТВ
✅ Wi-Fi
✅ Паркинг
✅ Опремена кујна
✅ Бања
✅ Постелнини
✅ Пешкири

Резервации на 070 952 339 или на [email protected].

FACEBOOK | INSTAGRAM

Location

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.