Свети Никола бутик хотел

Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
Свети Никола бутик хотел
м2: 25
Спални: 8
Бањи: 8
Миленици: Не
Check-in: After 12:00 am
Check-out: Before 12:00 am

Свети Никола бутик хотел (By пицерија Скар Крушево) е најнов хотел во Крушево со 8 студиа кои во себе носат уникатни крушевски приказни. Студиата се двокреветни, трикреветни и
четирикреветни и секое од нив носи име и има свое значење. Хотелот се наоѓа во центарот на Крушево.

Студиата се двокреветни, трикреветни и четирикреветни, а се опремени со парно греење и клима како и Wi-Fi, ТВ, крпи, фен и мини бар.

На приземјето хотелот има лоби со сопствена библиотека и простор за служење
оброци.

Понудата на Свети Никола вклучува појадок кој се служи во најпознатата пицерија во градот- пицерија Скар, а во лобите на хотелот достапно е бесплатно кафе и чај за гостите.

Хотелот е сместен во центарот на Крушево со фасада која ја отсликува уникатната крушевска
архитектура. Последната иницијатива на Свети Никола бутик хотел е да ги промовира крушевските писатели во своето лоби. Иницијативата опфаќа промовирање на крушевските автори со изложување на авторска книга на секој крушевски писател.

Во продолжение имињата и значењата на студиата:

Долче
Долче“ е името на крушевската ски патека која е пред вашите очи секое утро. Ова студио нуди визуелно, а во зима и физичко уживање во патеката.

Писти Окту
По прекрасен поглед од крушевскиот Аделбоден го именувавме ова студио. Писти Окту е врвот
каде на дланка го имате целиот град.

Мартиноски
Никола Мартиноски е репрезент и обележје на Крушево. Овој светски сликар заслужува да биде дел од нашата приказна.

Доилка
„Доилка“ или „Мајка со дете“ е најпопуларната слика на Никола Мартиноски. Ова ремек дело
го носи името на студиото кое ќе го направи вашиот престој најубав.

Св. Никола
Студио именувано по црквата Свети Никола, изградена во 18-ти век и дел од славното
историско минато на Крушево. Била запалена за време на Илинденското востание и одново
изградена во 1905-та.

Цреша
„Цреша“ е една од последните песни на Тоше. Неговата улица ја имате на дофат од вашиот
прозорец.

Бор
„Бор“ е изворното име на зградата во која се сместени прекрасните студиа.

Монте
„Монте“ е старото име на оваа зграда. Со оваа зграда се поврзани многу настани, приказни и спомени.

Понудата на хотелот е следна:

Ноќевање 2 лица – 50 евра со вклучен појадок и бесплатно кафе/чај
Ноќевање 3 лица – 60 евра со вклучен појадок и бесплатно кафе/чај
Ноќевање 4 лица – 70 евра со вклучен појадок и бесплатно кафе/чај
За дполнителен оброк се наплаќа по 5 евра од лице
За деца до 7 години престојот е бесплатен.

Храната се служи од страна на пицерија Скар Крушево и истата може да се конзумира
во хотелот или во пицеријата.

За резервации на 072 820 820 или на [email protected]

Социјални мрежи: FACEBOOK | INSTAGRAM

Location

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.