Cityview apartments

Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
Cityview apartments
м2: 40
Спални: 6
Бањи: 2
Миленици: Да
Check-in: After 12:00 am
Check-out: Before 11:00 am

„Cityview apartments“ – с. Рамне, Охрид ви нудат сместување во два засебни апартмани (куќички) на два различни краеви од дворот. Апартманите располагаат со по две соби, дневна со кујна плус спална. Терасите имаат поглед кон прекрасното Охридско езеро и целиот Охрид.

Секој апартман има брачен кревет плус дополнителна софа со пуштање, комплетно опремени. Максималниот капацитет е 10 луѓе. Дрвената куќичка има капацитет од 4 лица, додека другата има капацитет од 6 лица.

✅ Клима (ладење – греење)
✅ Wi-Fi
✅ ТВ
✅ Бесплатен паркинг
✅ Комплетно опремена бања
✅ Комплетно опремана кујна
✅ Скара на дрва во дворот
✅ Крпи
✅ Постелнини
✅ Фен
✅ Шампони и сапуни

Апартманите се наоѓаат на падините на Националниот парк Галичица кон с. Рамне, на 900 метри надморска височина. За сите туристи околината нуди интересни активности – можете да ги посетите околните цркви, а тука е втората хидроцентрала во с. Рамне изградена во 50-тите години од минатиот век и сè уште е во функција, со мал капацитет.

За туристите, исто така, има можност за возење велосипед како и пешачење што е полн погодок за сите љубители на природата и чистиот воздух. „Cityview apartments“ се полн погодок за одмор во вистинска смисла и секако за “бегање” и одмор од секојдневните градски гужви и бучави. Ќе бидете сместени во мирна област каде првите соседи се на 200 метри од вас. Местото е комплетно тивко.

Гостите се примаат по договор во било кој период од денот, додека пак се одјавуваат до 11 часот наутро. Исто така, објектите се pet friendly што значи дека со вас можете да го донесете и вашето милениче. Можете со вас да донесете и велосипеди.

„Cityview apartments“ во летната сезона ги изненадуваат туристите и со поставување на голем базен, со скара и поглед кон цело Охридско езеро и градот Охрид, едноставно само да уживате.

Исто така, тука ќе имате можност да уживате во погледот на најубавите зајдисонца во текот на целата година.

Толку мирно, планина, фантастична панорама на Охридско езеро од 900 м.н.в, а сепак на само 4 километри до центарот на Охрид. И, да, „Cityview apartments“ работат цела година.

Цените се движат од 30 до 40 евра. Цената зависи од перидот во кој престојувате како и од тоа колку дена ќе бидете гости во „Cityview apartments“. За оние кои ќе престојуваат подолг период следува попуст, а пак за деца до 12 години не се наплаќа.

За резервации на 077 / 854 – 758 и 077 / 815 – 549 како и на [email protected]

FACEBOOK | INSTAGRAM

Location

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.