Апартмани Костески

Апартмани Костески
Апартмани Костески
Апартмани Костески
Апартмани Костески
Апартмани Костески
Апартмани Костески
Апартмани Костески
м2: 40
Спални: 12
Бањи: 12
Миленици: Не
Check-in: After 10:00 am
Check-out: Before 10:00 am

Апартмани Костески се наоѓаат на Пониква- туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија на 50 метри од малата стаза и ски лифтот, на надморска височина од 1580 метри.

Пониква располага со многу убава природа, чист воздух, ски патеки, велосипедски и пешачки патеки, ресторани со вкусна храна.

Во склоп на Апартмани Костески вклучено е и детско катче со лулашки, убава голема тераса која е достапна за сите гости со поглед кон прекрасно зајдисонце, можност за голема дружба, скара и огниште покрај кое може да се седи и ужива. Дополнително, вклучена е и заедничка просторија за дружба во зимно време опремена со два Smart телевизори, кафемат, кујна со шанк – комплетно опремена која гостите можат да ја користат самостојно за подготовка на топли пијалаци.

Објектот располага со 12 апартмани (6 мали и 6 големи). Малите апартмани располагаат со брачен кревет и гарнитура на пуштање во дневната соба. Големите апартмани располагаат со една соба со брачен кревет, една соба со два единечни кревети и гарнитура на пуштање во дневната соба. Сите апартмани располагаат со сопствен тоалет и кујна- комплетно опремена со кујнски прибор. Пушењето внатре во апартманите е забрането, а дозволено е надвор на терасите и околу објектот. Сите апартмани имаат Wi-Fi пристап. Има приватен паркинг. Максимален капацитет е: 60 луѓе вклучувајќи деца.

🚫Не е дозволен влез на домашни миленици.
✅Има простор за оставање на велосипеди.

Цени за наем на апартмани (зимски период)
Мал апартман тип 1 – 1800ден/ноќевање (30eur) Мал апартман тип 2 – 2000ден/ноќевање (35eur)
Голем апартман тип 1 – 2800ден/ноќевање(45eur) Голем апартман тип 2 – 3000ден/ноќевање (50eur)

Цени за летен период:
Мал апартман тип 1 – 1500ден/ноќевање(25eur) Мал апартман тип 2 – 1800ден/ноќевање(30eur)
Голем апартман тип 1 – 2500ден/ноќевање(40eur) Голем апартман тип 2 – 2800ден/ноќевање (45eur)

Сите наведени цени се однесуваат за наем на цел апартман, не по лице.

🟢Check in: После 10 часот наутро.
🔴Check out: После 10 часот наутро со можност за договор.

За резервации на 070 206 934 или на [email protected] како и преку Viber на 071 426 365.

FACEBOOK | INSTAGRAM

Location

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.