Дојранско Езеро — езеро споделено помеѓу Република Македонија и Република Грција. Тоа е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Езерото зафаќа површина од околу 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (околу 27,3 км2) припаѓа на Р. Македонија (Општина Дојран), а источниот, помалиот дел (околу 15,8 км2) на Р. Грција (Општина Кукуш). Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол.

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор.

Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.