Катамаран „Potpes Crusing“ Ви го нуди најубавото и уникатно крстарење по Охридското Езеро. Катамаранот е предвиден за максимум 12 лица, вклучувајќи го и капетанот. Опремен е со прекрасно озвучување, Wi-fi како и фрижидер за ладни пијалоци.

Катамаранот плови до сите познати дестинации: Св. Јован Канео, Претседателската вила, Наколното живеалиште, до сите познати плажи, црквата Св. Богородица Заумска- Заум, манастирот Св. Наум. Се нуди и струшката ривиера: Градот Струга, црквата Св. Богородица –Калишта, како и туристичкото место Радожда.

Катамаран „Potpes Crusing“ Ви нуди две опции на крстарење и тоа:

  • Lounge Cruising ја вклучува пловидбата до саканата дестинација како и кафе и газирана или негазирана вода;
  • Lounge Cruising ја вклучува пловидбата до саканата дестинација со ручек и пијалоци сервирано на самиот катамаран. Местото е по Ваш избор со мени од катамаранот.

Исто така, катамаранот може да биде изнајмен и за приватни забави за Вас и Вашите најблиски, како и за Вашите деловни партнери. Исто така, катамаранот се изнајмува и за свечености како родендени, момачки и девојачки забави, едноставно за секое Ваше уживање и убав момент.

Цената е 40 евра од еден час.

Резервациите можете да ги направите на 071 / 779 – 955.

FACEBOOK | INSTAGRAM

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.