„Фрути Суп Борд“ е екипа од Трпејца која издава СУП даски и организира СУП тури по неверојатни ниски цени.

Цената за изнајмување е 300 денари од час, а ако го изнајмите за повеќе време следува и попусти. Кога станува збор за тура, тоа е една прекрасна и возбудлива приказна со чија помош на „Фрути Суп Борд“ ќе биде поинаква и ќе остане вечно во вашите спомени од прекрасното Охридско езеро.

Од репертоарот на тури на „Фрути Суп Борд“ како најпобарувана и најпосакувана тура меѓу луѓето е турата за Св. Заум. Ова тура трае околу 2 часа, а имате чувство како да поминало цело време уживајќи во прекрасниот пејсаж патуваќи до црквата Св. Заум.

Да напоменеме дека како и сите тури така и оваа се организира по најбезбедни стандарди и со најобучени водичи кој го знаат целиот детал на Охридското езерото.

Тргнувањето на турата е од прекрасната Трпејца која е раскошна со многу диви а воедно и многу убави плажи кој единствен пристап до нив е само преку водата на Охридското езеро… Токму таму на една прекрасна дива плажа обиколена со висока пештера чиј брег се наоѓа на 15 минити од Заум се прави пауза проследена со слатките колтели што ги приготвува тимот на „Фрути Суп Борд“ што е полн погодок за дополнително уживање.

Уживањата продолжуваат и со прекрасната музика на ДЈ Водич и со изворедните коктели што ги приготвуваа тимот на „Фрути Суп Борд“.

Следува подготовка и тргнување за Заум… пристигнување до манастирот и разгледување на убавините на природата во тоа место. Воздржани од тишината која мора да ја почитуваме таму се напушта манастирот со пуштена музика се упатуваме кон подземните извори кој се наоѓаат на 10 миниту од манастирот.

Познато е меѓу луѓето уште како изворите Тушемишта. Луѓето тука полнат вода и се ладат. Највозбуливиот момент од целата тура доаѓа токму таму каде тимот на „Фрути Суп Борд“ ви нуди еден неверојатен предизвик кој уште го нарекуваат „издржи во ладната вода на изворот за да добиеш гратис возење 1 час“ – кој ќе издржи 2 минути тој добива возење со даска 1 час. Потоа следување враќање кон Трпејца.

Како друга атрактивна тура е турата на зајдисонце позната уште како „Сансет сесија“, која Ви овозможува прекрасно и авантуристичко уживање во залесот на сонцето проследено со многу пијалоци и добра забава која благодарение на „Фрути Суп Борд“ ќе биде уште поинтересна со нов предизвик, кој ќе направи најдобра слика на зајдисонцето добива убава чоколада од водичот.

Како популарна тура тимот на „Фрути Суп Борд“ ја има и турата што ја прави рано наутро, која се реализира на некоја од понудените релации:

Манастир Св заум
Извор Тишемиште
Црква Св Никола
Автокамп Љубаништа
Заливот на коските
Автокамп Градиште

Турата на полна месечина се организира поретко, но исто така е многу прекрасна и возбудлива.

„Фрути Суп Борд“ е млада и преспективна екипа која има за цел што повеќе новитети, нови и возбудливи патувања за сите туристи, а патувањето со „Фрути Суп Борд“ е поразлично од сите други затоа што со „Фрути Суп Борд“ патувате по вода и уживате во прегратките на прекрасното Охридско Езеро…

Следува реализација на дводневна тура со шатори. Спиење во шатори на една убава дива плажа со крстарење по Охридското езеро…

Доколку сакате да закажате термин за возење по Охридското езеро, тоа можете да го направите на 070 841 030 или [email protected]

INSTAGRAM

Comments

  • Васко
    Reply

    Moja preporaka, najdobri ste definitivno, imav moznost da se vozam i ve preporacuvam samo vas!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.