Доколку се одлучите викендот да го поминете покрај нашите три природни езера, или пак се подготвувате за одмор во Охрид, Преспа или Дојран, тогаш погледнете ја температурата на водата.

Денешната температура на водата во Охридското Eзеро измерена во 07:30 часот е 19 степени. Промени во однос на вчерашниот ден нема.

Температурата на водата во Преспанското Eзеро, исто така измерена во 07:30 часот е 18 степени, и исто така нема промени во однос на вчерашниот ден, кога температурата, исто така беше 18 степени.

Секако, најтопла е водата во Дојранското Eзеро и тоа значително во однос на Охридското и Преспанското Eзеро. Денешната температура на водата во нашето најмало природно езеро е 24 степени, истата температура која беше и во текот на вчерашниот ден.

Котва.МК како платформа за промоција на туризмот во Македонија секојдневно ќе известува за температурата на водата во нашите три природни езера.

Извор: УХМР

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.