Крушево или на влашки Crushuva е град во западниот дел на Република Македонија, во пазувите на Бушева Планина. Тој е градот на некогашната Крушевска Република, познат и по македонскиот пејач Тоше Проески. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Со 1.220 метри надморска височина, Крушево претставува единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот. Градот Крушево претставува административно седиште на истоимената општина.

Крушево благодарение на планините, природата и надморската височина има најсвежа клима во текот на летниот период. Чист воздух, град богат со култура, традиција, историја, архитектура…

Зимска панорама на Крушево

Туристите во Крушево ќе имаат активен одмор бидејќи има многу работи кои треба да се посетат. Меѓу најстарите сакрални објекти, што биле изградени во Крушево, се смета црквата „Свети Никола“ (1832), опожарена за време на Илинденското востание од 1903 година. Оваа главна црква е позната по прочуениот иконостас, работен од тајфата на Петре Филиповски – Гарката, родум од село Гари и неговиот помошник и зет Димитар Станишев, роден во Крушево. Двајцата резбари работат заедно скоро три децении.

Во непосредна околина на Крушево, на месноста Трстеник е подигната манастирската црква “Свети Спас”. Црквата “Успение на света Богородица”, во Мијачката Маала, е од 1867 година, како и црквата “Света Троица”.Во центарот на градот Крушево, во 1904/1905 година, е обновена од основа старата црква “Свети Никола” (1832 г.), но во значително помали димензии. Во 1904 година во дворот на романското училиште, била подигната црквата „Св. Јован Крстител“, позната како Влашка црква.

ФОТО: Milo van Kovacevic

Радува податокот дека во оваа област како да се наѕираат и следбеници на истакнатите културни дејци од овој крај. Покрај неколкуте музеи, споменици, спомен-одбележја од подалечното минато, посебно од Илинденскиот период и навака, како: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република (отворен 1953 година), Галеријата на основоположникот на современата македонска ликовна уметност, крушевчанецот Никола Мартиноски (1968 г.); Споменикот на националноослободителната борба и Илинденското востание (1974 г.), Споменикот на Мечкин Камен на авторот Димо Тодоровски (1983 година), Музејот на НОВ (1989 година), Музејот „Леарница“ (свечено отворен на 2 август 2003 година). Покрај овие, тука може да се вбројат: Споменикот на Никола Карев, на Питу Гули, Бистата на Веле Марков, Споменикот на боиштето на Слива.

ФОТО: Milo van Kovacevic

Посебно обележје на Крушево е староградската архитектура. Притоа, крушевската куќа е симбиоза на влашката (епирската) и мијачката (галичката) архитектура.

Во центарот на градот е сместен „Свети Никола“ бутик хотел (By пицерија Скар Крушево) кој е најнов хотел во Крушево со 8 студиа кои во себе носат уникатни крушевски приказни. Студиата се двокреветни, трикреветни и четирикреветни и секое од нив носи име и има свое значење. Хотелот се наоѓа во центарот на Крушево.

Хотелот е со фасада која ја отсликува уникатната крушевска архитектура. Последната иницијатива на „Свети Никола“ бутик хотел е да ги промовира крушевските писатели во своето лоби. Иницијативата опфаќа промовирање на крушевските автори со изложување на авторска книга на секој крушевски писател.

Студиата се двокреветни, трикреветни и четирикреветни, а се опремени со парно греење и клима како и Wi-Fi, ТВ, крпи, фен и мини бар. Погледот од хотелот значи уште повеќе одмор и релаксација, во било кој период од годината. Понудата на Свети Никола вклучува појадок кој се служи во најпознатата пицерија во градот- пицерија Скар, а во лобите на хотелот достапно е бесплатно кафе и чај за гостите.

Во продолжение имињата и значењата на студиата:

Долче
Долче“ е името на крушевската ски патека која е пред вашите очи секое утро. Ова студио нуди визуелно, а во зима и физичко уживање во патеката.

Писти Окту
По прекрасен поглед од крушевскиот Аделбоден го именувавме ова студио. Писти Окту е врвот
каде на дланка го имате целиот град.

Мартиноски
Никола Мартиноски е репрезент и обележје на Крушево. Овој светски сликар заслужува да биде дел од нашата приказна.

Доилка
„Доилка“ или „Мајка со дете“ е најпопуларната слика на Никола Мартиноски. Ова ремек дело го носи името на студиото кое ќе го направи вашиот престој најубав.

Св. Никола
Студио именувано по црквата Свети Никола, изградена во 18-ти век и дел од славното историско минато на Крушево. Била запалена за време на Илинденското востание и одново изградена во 1905-та.

Цреша
„Цреша“ е една од последните песни на Тоше. Неговата улица ја имате на дофат од вашиот прозорец.

Бор
„Бор“ е изворното име на зградата во која се сместени прекрасните студиа.

Монте
„Монте“ е старото име на оваа зграда. Со оваа зграда се поврзани многу настани, приказни и спомени.

ОВДЕ можете да ја дознаете понудата на хотелот, како и да направите резервација и да уживате во убавините на хотелот, а во пријатниот амбиент на „Свети Никола“ бутик хотел.

За резервации на 072 820 820 или на [email protected]

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.